За малку ќе паднел од карпа додека ги кажувал брачните завети

26 септември, 20140
За малку ќе паднел од карпа додека ги кажувал брачните завети

Еден младоженец опасно се занел на својата свадба на врвот на една карпа – и за малку ќе паднел. За среќа, неговата невеста не го дала толку лесно.

Питер Болтон ѝ ги кажувал своите свадбени завети на својата невеста, Фејт, на работ на речиси 3.000 метри високата планина Аталаја во Санта Фе во Њу Мексико.

Во моментот кога ги раширил рацете, очигледно за да ја прегрне својата невеста, тој почнал да губи рамнотежа. Можеби и ќе паднел од карпата без да го заврши својот завет, ако не била невестата.

Фејт успеала да го зграпчи Питер за рака и да го спаси. Неверојатниот момент бил снимен на видео.

Питер вели дека овој инцидент го натерал да мисли „дека понекогаш на луѓето им е судено да бидат заедно“.

https://www.youtube.com/watch?v=a4e8JxmGiwE

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi