Еден руски портал ја објавил тезата дека мегалитниот споменик Стоунхенџ не е изграден пред 5000 години, туку изградбата била започната пред 60 години!
Но, за да приказната не остане само на зборови, истиот сајт fishki.net, објавил и 108 фотографии снимени од 1954 до 1958 година, а кои покажуваат како се градел Стоунхенџ! Да, добро прочитавте, сто и осум фотографии!
А на нив можете да видите како проектот „древна градба“ се гради со модерни дизалици и кранови со бројни учесници и надгледувачи. Снимени се практично сите фази, од припрема на теренот за градење па се до завршетокот на оваа структура наводно „мегалитна“ култура.
Е сега, првата реакција на некои читатели ќе биде дека станува збор за „обновување“, „замена“ на древните мегалити и слично на тоа.
Но, во првите фотографии, можеме да приметиме бели кругови кои укажуваат на идниот „мегалит“. Ова било обемна работа за градежниците. Не може мегалитот да се извлече толку лесно, и да не остави трага при таа постапка.
Понатаму, ако сликите внимателно се разгледаат, ќе најдете и војна бодликава жица во таа област и други детали, кои ни кажуваат дека во тој момент локацијата на изградбата идната „киклоповска градба“, „древно друидско-атланто-асирско-сириско-ариевски“ споменик, е заштитена од очите на јавноста.
Погледнете ги фотографиите кои разоткриваат голема, може да се каже мегалитна измама.
Рускиот портал статијата ја објавил пред две години, но изгледа никој не обратил внимание на материјалните докази.