Веројатно не постои човек кој барем неколкупати во животот не кажал некоја лага.
Многумина честопати кажуваат т.н. бели лаги со цел да избегнат повредување на нечии чувства или да се извлечат од некои непријатни ситуации.
Но кога лажењето ќе прерасне во навика и од секоја ситуација ќе се обидувате да се извлечете со лага, во телото доаѓа до низа реакции кои сериозно се одразуваат врз здравјето.
Животот со лаги воопшто не е лесен и едноставен. Иако за миг се чини дека сте се извлекле од некоја ситуација, долгорочно гледано лажењето и тоа како ви штети.
Еве што им се случува на оние за кои лагата е секојдневие:
Постојаното лажење полека и неосетно води до голем стрес, анксиозност и депресија. Истражувањата покажуваат дека животот исполнет со лаги го ослабува имунитетот, предизвикува силни главоболки, исцрпува и доведува до низа стресни ситуации. Ако тргнеме од фактот дека стресот е тесно поврзан со појавата на рак, можете да замислите колку многу ни штети лажењето.
Лажењето го пореметува сонот, па лицата кои често кажуваат лаги со текот на времето се соочуваат со проблеми со спиењето, што повторно доведува до низа здравствени проблеми, како и зголемување на телесната тежина и депресија.
Пореметувањето на исхраната, честото лошо расположение, чувството на замор и ред други непријатни здравствени проблеми се реакција на изборот постојано да се лаже, наместо да се застане на цврсти нозе при соочувањето со секојдневните предизвици.
Лагата е тивок убиец кој може да ви го уништи животот. Размислете колку често кажувате лаги и изберете живот исполнет со искреност. Секоја ситуација има повеќе решенија, а лагата е најлошото од сите.