Фељтон: Принцови на столетието, “Ferrari”

popara8 јуни, 201123min01
Ferrari-125-S_3

Историја на Ферари

 

Ферари е италијански спортски производител на автомобили со седиште во Маранело, Италија. Фирмата е основана од страна на Енцо Ферари во 1929 година како Scuderia Ferrari. Пред да започне да се занимава со производство на комерцијални автомобили како моделот Ferrari S.p.A од 1947 година, компанијата  била спонзор на тркачки автомобили и возачи каде што имала голем успех, особено во Формула 1.

Енцо Ферари не размислувал да започне производство на комерцијални автомобили кога ја формирал Scuderia Ferrari, неговото мото било ” Ferrari теам”, каде во 1928 година бил спонзор на аматерски тркачки тим од Модена. Се до 1938 година Ферари успошно работел на обука и усовршување на аматерски возачи за Алфа Ромео тимот, каде подоцна и бил ангажиран и да го води.

Во 1941 година, Алфа Ромео бил конфискуван од страна на фашистичката влада на Бенито Мусолин. Енцо со Скудерија Ферари подоцна станува “Auto Avio Costruzioni Ferrari” каде се занимавал со производство на машински делови и делови за авиони.

Во периодот кога не се одржувале трки, Ферари всушност имал произведено тркачки автомобил а тоа е моделот Tipo 815. Тоа бил првиот вистински произведен автомобил од Ферари (кој дебитирал во 1940 во Mille Miglia). Во 1943 година фабриката на Ферари се сели во Маранело, каде што е и денес. Фабриката била бомбардирана од страна на сојузниците во 1944 година и повторно изградена по завршување на војната во 1946 година.

Првиот комерцијален автомобил бил Ferrari 125 S од 1947 година, придвижуван од 1,5 L, V12 мотор.

Во 1988 година, Енцо Ферари го набљудувал производството на Ferrari F40, последниот модел на Ферари произведен пред неговата смрт. Се претпоставува дека тоа е и еден од најпрепознатите модели некогаш направени.

Од 2002 до 2004 година, Ферари го претставил моделот Ferrari Enco, најбрзиот модел во тоа време, во чест на основачот на компанијата Енцо Ферари. Тоа била ограничена серија на Ферари, и тој модел можеле да го имаат одреден број на богати ентузијасти, цената на моделот изнесувала 1.800.000 долари.


На 17 мај 2009 година во Маранело, Италија, од страна на аукциската куќа Sotheby’s бил изложен на продажба моделот Ferrari 250 Testa Rossa од 1957 година кој достигнал цена од неверојатни 12.100.000 долари, тоа бил нов светски рекорд во тоа време за најскап автомобил некогаш продаден на аукција. Сега тој рекорд го држи Bugatti Atlantic кој бил продаден за 28.000.000 долари.

 

Сите модели на Ферари:

 

2-seat Gran Turismo

 

Mid-engine – V6/V8

Mid-engine 2+2

Front-engine 2+2

 

Mid-engine 12-cylinder

 

Supercars

 

Concept models and one-off specials

 

 

 

 

 

 

 

 

 

One comment

  • rade

    9 јуни, 2011 at 12:31

    Ferrari the best !!!!!

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag