Наскоро пловечки град за супербогатите

popara30 септември, 20141min00
14
На Фридом Шип (Бродот на слободата) ќе живеат 40.000 луѓе за кои ќе се грижи екипаж од 20.000 луѓе.

Супербогаташите за некое време би можеле да ја добијат досега најексклузивната резиденција – пловечки град!

Фридом Шип, компанија од Флорида, работи на истоимениот пловечки град на кој ќе живеат 40.000 луѓе.

Овој проект вреден 10 милијарди долари моментално е во прва фаза, а тоа е конструкцијата на овој град.

 


Фридом Шип за сите свои идни граѓани ќе биде траен дом на море, бидејќи според плановите на архитектите на Фридом Шип постојано ќе плови и на секои две години ќе го има заобиколено цел свет. Неговите димензии се толку големи што не постои пристаниште на овој свет каде градот би можел да се засидри, а ќе биде тежок околу 3 милиони тони.

Но, на граѓаните на Фридом Шип нема да им треба копно бидејќи во своето луксузно опкружување сред море ќе имаат се’ што им треба – училишта, болници, паркови, продавници, па дури и аеродром.

 


Пловечкиот град во текот на своето отпловување низ светот ќе застанува во морињата близу до големите градови, така што граѓаните со глисери и авиони ќе можат да одат малку на брегот. Предвидено е 10 посто од времето градот само да плови, а 30 посто од времето да плови од една земја до друга.

Градот ќе има и хотели, така што ќе може да прима и туристи, а капацитетот на гости на ден е 10.000. За жителите и туристите ќе се грижи екипаж од дури 20.000 луѓе.

 

 

 

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag