Оваа неверојатна куќа е сместена на самиот раб на океанот,
минималистички уредена и со поглед кој го “нуди” морето на дланка,
се чини дека конечно ја пронајдовме куќата од соништата.
Оваа куќа е плод на соработката на дизајнерот Рис Роберт и архитектонското студио “Steven Harris Arhitects”.
Изградена на работ на океанот на висока карпа, ова е куќа која го одзема здивот.
Сместена е во Кабо Сан Лукас и го носи името “Casa Finistera”, а изградена е од камен, стакло, метал и бетон.
Оваа куќа е дизајнирана со цел да се вклопи совршено со нејзината околина,
а најголемиот адут е секако преубавиот поглед.
И ентериерот е уреден во неутрални планетарни бои, како белата и бежот,
кои ја разбиваат монотонијата на деталите со темни нијанси.
Смирувачки ефект носи и минималистичкиот модерен мебел и ефектните камени ѕидови.
Оваа куќа е совршено место за тотално уживање и релаксирање.