Дали ќе верувате во она што прстите ви го откриваат зависи од вас, но факт е дека сите толкувања се интересни и издржани.
Започнуваме од најмалиот прст…
Малиот прст ви ги открива инстинктите и начинот на комуникација
Доколку малиот прст е свиткан во правец на домалиот, укажува на чувствителна личност со добра душа.
Доколку е оддалечен од останатите прсти значи дека личноста е независна и оригинална во се.
Натпросечно долгиот прст значи дека личноста е надарена за странски јазици и вешто се снаоѓа во секоја комуникација.
Доколку прстот е значително помал од останатите, укажува на недостаток самодоверба.
Врвот на прстот: Ако е долг, издава елоквентна, шармантна личност со голема моќ на перцепција, а ако е краток опишува срамежлива личност која има потешкотии во изразувањето.
Средниот дел на прстот: Долгата средина често пати ги отсликува личностите кои се занимаваат со медицина, а краткиот претставува карактеристика за стабилните личности кои им се посветени на другите.
Коренот на прстот: Доколку е долг значи дека личноста посакува слобода и индивидуалност, додека краткиот ги изразува наивните и лесно доверливите личности.
Домалиот прст е симбол на креативност и совршенство
Доколку е со иста должина како средниот прст или подолг, ги претставува луѓето кои се разликуваат од масата, но и оние кои се склони кон лесни пари.
Краткиот домал прст е показател за личности кои по природа ја обожаваат естетиката.
Врвот на прстот: Ако е долг, ги издава креативните личности склони кон драматични животни ситуации, а доколку е краток укажува на смирена и практична личност.
Средниот дел на прстот: Долгиот ги открива личностите со вкус за стил и детали, додека краткиот значи недостаток на интерес за убавина и стил.
Коренот на прстот: Доколку е долг, ја симболизира личност со неверојатно чувство и вкус за стил и можно е од тоа да заработува, додека краткиот корен е симбол на практичните и едноставни личности.
Средниот прст го открива начинот на кој се однесувате кон материјалното богатство
Ако средниот прст е долг, покажува одлучен, способен и амбициозен човек кој е подготвен за сопствен бизнис.
Ако е краток, открива ексцентрична личност која се бунтува против општо прифатените норми.
Доколку е свиткан кон домалиот прст открива потреба за емотивна и материјална сигурност.
Доколку е малку пооддалечен од домалиот прст, укажува на личности кои од време на време ја сакаат самотијата.
Врвот на прстот: Долгиот врв открива луѓе кои се полицајци, инспектори или истражувачи по професија, односно личности кои сакаат да ги откриваат скриените тајни и детали, додека краткиот врв на средниот прст се карактеристика за послушните луѓе кои сакаат да работат бавно и сигурно.
Средниот дел на прстот: Ако е тенок, открива личности кои добро се снаоѓаат со бројките, додека ако е подебел укажува на вљубеници во природата.
Коренот на прстот: Долгиот корен ги издава личностите со нагласена потреба за материјална сигурност, додека краткиот е карактеристика за личностите кои се внимателни со пари.
Показалецот го открива начинот на кој се разбирате себеси и на кој го гледате светот
Ако показалецот е свиткан кон палецот означува чесни и амбициозни личности.
Доколку е оддалечен од средниот прст открива независна личност склона кон филозофирање.
Доколку пак е свиткан кон средниот прст, укажува на грижливи и чувствителни личности.
Врвот на прстот: Долгиот врв укажува на интелектуални способности, па често пати овие личности имаат политичка или правна кариера. За разлика од нив, краткиот врв одговара на практичните, понекогаш и цинични лица свртени кон материјалната страна во животот.
Средниот дел на прстите: Доглиот дел значи вешт ум за управување на сите полиња, а краткиот значи лесна флегматичност и незаинтересираност, односно недостаток на упорност.
Коренот на прстот: Долгиот корен го имаат луѓето кои се талентирани за спорт и кулинарски вештини, додека краткиот корен е симболика на личностите кои размислуваат логично.
Палецот ја претставува волјата, логичката способност и виталноста на човекот
Свитканиот палец е одлика на личностите кои лесно се приспособуваат на другите, додека правиот и крут палец укажува на личности кои никогаш не се откажуваат од своите ставови.
Врвот на прстот: Долгиот ја опишува личноста како одлучна, додека краткиот укажува на несигурност.
Средниот дел на прстите: Доколку средниот дел е пократок од третиот дел укажува на личности кои се водени од инстинктите и чувствата. Ако е со иста должина како третиот дел, се работи за личност која е предводена од разумот и логиката. Но, ако средниот дел е подолг о д третиот, означува големи мислители кои често пати имаат потешкотии во реализирањето на идеите.
Кои се вашите карактеристики?