Листа на женски особини кои мажите не можат да ги поднесат

popara1 октомври, 20141min00
9

Сите сакаме да бидеме обожавани од страна на нашите партнери, но понекогаш правиме работи кои ги одвраќаат мажите. Ова не значи дека имате лош карактер или сте здодевна личност и никого не привлекувате, туку понекогаш едноставно пораката што сакате да ја испратите ја испраќате на погрешен начин. Прочитајте ја оваа листа на женски особини кои мажите не можат да ги поднесат и имајте нормална, здрава и долга врска.

Се деградирате себе си

Партнерот, без разлика дали е за една вечер или за подолга врска ве одбрал бидејќи го привлекувате. Ако почнете да се жалите дека сте дебела, премногу слаба или дека за ништо не ве бидува ќе го натерате да размисли зошто одбрал некого кој не се цени самиот себеси. На овој начин ќе го збуните и ќе го оттргнете од себе.

Постојано се жалите

Ако додека сте на состанок се жалите од се што е околу вас, на пример топлото време, келнерот или самото место, вашиот партнер ќе се почувствува како да направил грешка и како да не го почитувате она што сакал да ве однесе на некое за него убаво место. Ако сте ваква личност пробајте да се фокусирате на тоа дека конечно сте излезени со некој кој сака да помине убаво време со вас и потрудете се да го направите токму тоа.

 

Ги користите состаноците за да решавате сопствени проблеми

Ако жалењето за се околу вас не ви беше доволно и почнете да се жалите и решавате приватни проблеми додека сте на состанок, вашиот партнер ќе се почувствува како психијатар. Сепак сфатете сека тој е дојден овде за да ви ги искаже своите симпатии и да ги слушне вашите, а не да ви го реши проблемот поради кои само вие би сте си отишле задоволни дома.

Ги гасите светлата

Ако секогаш кога имате секс ги гасите светлата, престанете! Партнерот ве избрал вас и вашето тело. Бидете среќни поради ова и вклучете ги светлата за да ги види вашите убави атрибути.

Се обидувате да го смените

Потребно е да знаете дека не можете да смените ниту една личност на светот. Колку повеќе се трудите толку повеќе ќе го оттргнувате од себе. Никој не сака да слуша безброј забелешки за својата личност. Ако до толку не ви одговара овој партнер најдете си нов, во спротивно најдете компромис.

 

Ги деградирате неговите пријатели

Вие го избравте момчето, но тој од претходно ги избрал своите пријатели. Ако почнете да зборувате негативни работи за пријателите, неговата единствена мисла ќе биде „врските поминуваат, но пријателите остануваат вечно”. Ако не сакате да бидете само уште една минлива девојка, размислете следниот пат пред да почнете да зборувате лошо за неговите најдобри пријатели.

Станувате љубоморни секогаш кога ќе погледне друга девојка

Ако маж види убава девојка, големи се шансите дека ќе ја загледа неколку секунди. Тоа е сосема нормално. Наместо да почнете расправија со него, сфатете дека машките се вртат по сите девојки, но тоа не значи дека со поглед ја бараат својата следна девојка. Тој ве одбрал вас, а сите други можат да послужат како фантазија која ќе го разгори вашиот сексуален живот.

 

Се обидувате да го фатите во лага

Ако не покажувате дека имате проблем што се дружи со неговите пријателки, немојте ни да се обидувате да го фатите во лага секогаш кога ќе излезе без вас. Иако мислите дека тоа го правите многу незабележливо, вашите бесконечни прашања можат да бидат многу здодевни. Покажете дека му верувате, само така ќе ве сака уште повеќе.

Го споредувате со други

Не коментирајте колку ги сакате мускулите на вашиот сосед пред него, ако тој нема исти такви мускули. Ова ќе направи да се чувствува лошо за своето тело и ќе мисли дека не е доволен за вас. Ако не сакате да ви набиваат комплекси, немојте да го правите истото и вие.

Го омаловажувате

Тој ве избрал, бидејќи сака партнер, а не мајка. Не го омаловажувајте пред други личности. Нема потреба да му кажувате дека не е добро облечен или дека многу зборува. Наместо тоа дадете му комплимент.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag