Адам Малски кој ја снимил борбата помеѓу двете ајкули вели дека тоа било нереален ден бидејќи само неколку минути пред инцидентот се прашувал што би се случило ако голема бела ајкула нападне иста таква, само помала.
Големата ајкула и претходно била забележана од страна на жителите на Нептунските острови кои ја крстиле Гилберт, додека на малата после овој инцидент и се губи секаков траг, па се претпоставува дека ја изгубила својата битка за живот.