Периодот помеѓу летото и есента е идеален за модни колажи составени од повеќе трендови, бои, материјали, принтови…
Преодниот период искористете го максимално! Извадете ја летната и есенска гардероба и започнете ги експериментите.
Летните панталони во весели бои смирете ги со еднобојни кошули, блузи и наметки.
Женските фустани и шорцеви носете ги со чизми или дезенирани хулахопки за да им додадете топлина.
Наместо балетанки или еспадрили, одберете потопли чизми до глужд или патики во неутрални бои.
Сите комбинации зачинете ги со аксесоари и додатоци во боите на есента за да постигнете моден погодок во само неколку чекори.
Искористете ја есента максимално! Уживајте во есенската лежерност со стил.