Полицијата во Луизијана уапси две наставнички од средното училиште Destrehan, поради сомневање дека имале секс во тројка со 16-годишен ученик од истото училиште.
Првата средба помеѓу тројцата се случила по еден училишен натпревар, кога Шели Дуфрес (32) и Рејчел Респес (24) го викнале во станот на едната, каде имале секс цела вечер, според полицискиот извештај. Ова не била последна средба – продолжиле да остваруваат вакви средби уште неколку пати.
За аферата се дознало бидејќи, сосема очекувано, ученикот не можел да издржи да не се пофали на своите пријатели и соученици, и наското почнале да кружат гласини за ова низ училиштето.
Една од наставничките вмешани во скандалот, 32-годишната Дуфрес е мажена со три деца и ќерка на локален судија.
Истрагата е во тек и сè уште не се знае каква казна ги очекува наставничките за делото, но сигурно е дека веќе нема да предаваат во училиштето, а најверојатно и воопшто.