Правата, уредно испеглана коса е сон на речиси секоја жена. Токму затоа, пеглите за коса се омилениот апарат за разубавување. Но, дали ја знаете правилната и најбрза постапка за долготраен ефект?
Ако и вие се нервирате затоа што пеглањето на коса ви одзема многу време, започнете да го следите ова видео упатство.
Ќе бидете готови за околу 5 минути!
Потребно ви е:
- Четка за коса
- Пена за коса
- Лак за коса
- Пегла за коса
Постапка:
1. На измиена коса нанесете пена која ќе ја оставите сама да се исуши. Ако пронајдете пена со ефект за природно исправување, уште подобро.
2. Загрејте ја пеглата, а косата добро расчешлајте ја и префрлете ја преку глава (поднаведнете се надолу.)
3. Со пегла, па со четка наизменично поминувајте прамен по прамен, додека не ја опфатите целата коса.
4. Косата префрлете ја во природна положба, па поделете ја на 2 дела. Секој дел поминете го уште еднаш, на брзина, обрнувајќи поголемо внимание на горниот слој.
5. На крајот, испегланата коса пропрскајте ја со лак за коса и вашата уредна фризура е готова.
За да ви биде појасно, погледнете ја постапката во продолжение: