Ќерката им беше се на светот, но не ја заштитија!

7 октомври, 20140
Ќерката им беше се на светот, но не ја заштитија!

Според полициските статистики за 2013 година, десет пати се поголеми шансите животот да се загуби во сообраќајна несреќа отколку во убиство. Користењето на сигурносен појас значително го намалува бројот на жртви во сообраќајните несреќи.

Воведување на сигурносниот појас во автомобилите претставува  најголем чекор во автомобилската индустрија до сега,  во системот за подобрување на  пасивната безбедност на патникот за време на судир. Помалата затегнатост на појасот при возењето може да допринесе за поголеми телесни повреди доколку се случи некоја сообраќајна незгода.

Врзувањето со сигурносниот појас е задолжително во Македонија. Законот за заштита во сообраќајот укажува на тоа дека возачот и со-возачите во автомобилот мора да бидат на своите места каде што се вградени сигурносните појаси, заврзани на начин кој го предвидел произведувачот на автомобилот со оглед на конструкцијата на сопирачкиот систем.

Во Македонија се почитува законот за употреба на сигурносните појаси. Според податоците на полицијата степенот на употреба на сигурносниот појас континуирано се зголемува. Но за жал на нашите патишта сеуште има голем број на сообраќајни несреќи со големи телесни повреди или со смртни исходи  поради некористење на истиот.

Според сообраќајната статистика употребата на сигурносниот појас во текот на возењето е многу поголема од страна на женската популација без разлика дали станува збор за возачи или со-возачи. Исто така значително голема е разликата во употреба на сигурносниот појас на предните седишта наспроти задните. Во просек 60% од патниците на задните седишта го употребуваат сигурносниот појас, а останатиот дел е сеуште мал пред се кога станува збор за децата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi