5 навики со кои ги одбивате луѓето од себе

7 октомври, 20140
16

Било дали премногу брзате и го темелите односот на своите очекувања, наметнувате свои правила на играта или ги спомнувате бившите- со тоа ги одбивате потенцијалните партнери од вас.

Премногу зборувате

Дури и да сте „најдобра прилика“, со ваквото однесување упешно ќе ги одбиете луѓето од себе. Луѓето кои премногу зборуваат оставаат впечаток на такви дека се плашат од тишина, очајнички сакаат да изгледаат забавно и не се ни малку спонтани. Секако, не треба себе да се ограничувате и постојано да молчите, но дозволете другата страна полека да ве запознае, така да оставете доза на занимливост и не ги ставајте сите „карти“ на масата, пишува  Men’s Health.

Брзате..

Запознавте некој кој ви се допаѓа, отидовте на неколку состаноци и се бакнавте, а вие одеднаш сонувате за брак, деца, куќа и цвеќе? Форсирањето на односот е погубно затоа што изгледа очајнички, па дури и оној на кому навистина му се допаѓате може да побегне. Со тоа оставате впечаток дека имате свои цели кои сакате да ги исполните и дека воопшто не е важно кој и каков партнер е покрај вас. Намалете ги очекувањата и останете реални, „читајте“ ги сигналите на другата страна.

Зборувате за бившите

Повеќето луѓе имаат некое свое љубовно минато, проблеми и „куфер“ кој можеби го влечат од тоа време. За да влезете воопшто во некој однос треба да расчистите со минатото, затоа што е невозможно да бидеш заљубен во бившиот или бившата и да влезете во нова врска со чисто срце. ако притоа постојано зборувате за бившиот партнер, на новиот „кандидат“ јасно ќе му дадете до знаење дека премногу сте оптеретени со минатото за да имате иднина со него.

Не ви треба никој

Ако постојано истакнувате како вашиот живот е забавен и претрупан со обврски и дека потполно сте задоволни сами, ќе ги обесхрабрите оние кои можеби ќе посакаат нешто повеќе со вас.

Премногу сте чувствителни

Ако подолго време сте биле сами или сте излегнале од врска во која самодовербата ви била сериозно нарушена, како последица често се јавува чувствителноста. Лутење на секоја ситница, неможноста да се шегувате на своја сметка, пасивна агресија и претераното фалење се одраз на таков одбрамбен механизам кој изгледа незрело и потполно непривлечно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi