12 годишната Соња и нејзината 6 годишна сестра Анита се родени слепи.
Живеат во Индија, во крајно сиромашно семејство кое не можело да си дозволи операција која ќе им го врати видот.
Иако операцијата чини само 300 долари, сума која секој од нас може на некој начин да ја обезбеди, за семејството на слепите девојчиња тоа е цело богатство до кое никогаш нема да дојдат.
За среќа на Соња и Анита, но и на милиони слепи деца низ светот, некои невладини организации се грижат за оние кои се помалку среќни од сите нас.
Невладината организација 20/20/20 собира средства за операција на милиони слепи дечиња од најсиромашните делови на светот.
Благодарение на упорноста и трудот на организаторите, двете сестри беа оперирани и за прв пат го видоа светот со своите очи, искуство кое не можеме ни да го замислиме.
Краткото видео го прикажува нивниот пат од слепило до еден нов живот кој сигурно ќе им донесе подобра иднина. Емотивно, искрено, видеото ќе ве расплаче, но и ќе ви покаже дека хуманоста и добрината никогаш не се залудни.