Да, вашиот партнер е симпатичен, драг, пријатен и секогаш е тука кога ви е потребен, било дали сакате само да зборувате, шетате, гледате филм или ви е потребен некој совет, предлог.
Меѓутоа, во последно време како во вашата врска нешто да не е во ред, а вие немате срце да го повредите.
Веруваме дека следните 5 работи ќе ви покажат дека е време да излезете од таа врска. Како и да е, тоа е фер, не само спрема него туку и спрема тебе. Не сакате да бидете во врска со некој кој не ви се допаѓа, зар не?
Помислата дека ќе го видите подоцна воопшто не ве прави среќна
Би требало да бидете заедно подоцна. Но, наместо тоа вие попрво би отишле во некој нов ресторан, на свирка, кафе.. Црвено светло.
Приметувате колку треба да се бодрите себе и да се убедувате дека тој е оној вистинскиот
АКо постојано се убедувате себе колку тој е супер дечко и колку ве опсипува со внимание, колку ужива во вашето друштво, тоа е јасен показател дека тој повеќе не ви се допаѓа. Тоа не би требало да го приметувате, туку да чувствувате и никако себе да се бодрите. Се што правите на сила, не може да биде.
Заборавате да му одговорите на пораката
Ок, разбираме дека не можете на секоја порака да му одговорите веднаш и дека понекогаш ви се случи да заборавите тоа воопшто и да го направите. We have all been there. Но, ако тоа ви се случува постојано и вие не ни забележувате дека тоа се случува, е тогаш имате проблем.
Кога слушнете некоја добра вест, а тој не е првата личност со која ја споделувате
Добро, можеби не е на прво место. Ниту на второ. Можеби навистина сакате прво да поделите со мајка ви и сестрата, најдобрата другарка. Whatever. Но, ако не ви е ни меѓу првите пет, тоа може да биде алармантно затоа што сите добро вести се делат со најмилите, зар не?
Кога едноставно знаете
Ако ги одземеме сите претходни знаци, овој е тој кој не можете да го занемарите, затоа што жените знаат. Чувствуваат. Едноставно знаат дека нешто не е во ред и дека е време да излезат од таа приказна. Можеби воопшто не е тоа дека не го сакате, можеби само се плашите од обврзување. Но и тоа можете да го процените. Можеби се плашите од разделба, соло приказна, но едноставно знаете дека е време да се каже „збогум“.