Проверете дали и вие погрешно спиете цел живот!

popara14 октомври, 20141min00
5

Дури и под услов да се храните здраво и редовно да вежбате, тоа нема да ви биде од голема корист доколку за време на ноќта не се наспиете како што треба. Можеби мислите дека спиете доволно, но многу научници тврдат дека начинот на кој што спиеме значајно влијае на квалитетот на сонот кој го имаме.

Затоа, погледнете ги овие 10 грешки кои често ги правиме и дознајте како да ги исправите, со цел наутро да се будите одморени и ведри.

Користите перница само за главата

Доколку спиете на грб, ставете една перница под колената за да го намалите притисокот на долниот дел од грбот. Доколку, пак, сакате да спиете на страна, додадете една перница под горната рака, а друга помеѓу нозете. Така рбетот ќе има правилна положба.

Спиете на стомак

Многу луѓе сакаат да спијат на стомак, а не знаат дека тоа е многу лошо. Имено, за да можете да дишете мора да ја свртите главата на една страна и така во потполност го искривувате вратот. На долгорочно ниво тоа може да доведе до проблеми со вратот и до главоболка. Добрата вест е дека не мора да се откажете од спиењето на стомак, туку само да го прилагодите. Свиткајте ја раката и ногата и поставете ги во насока на која ја имате свртено главата. Под исфрлената рака ставете перница, со што ќе го намалите притисокот на вратот и полесно ќе дишете.

Пиете алкохол навечер

Вистина е дека алкохолот може да ви помогне да заспиете, но во исто време ќе го намали квалитетот на самиот сон. Всушност, колку повеќе имате испиено, толку полошо ќе спиете и наутро ќе бидете уморни. Доколку знаете дека вечерта ќе пиете, најдобро би било да почнете порано и да го намалувате внесот како што ќе се приближува времето за спиење.

Немате одредено време за спиење

Доколку времето за легнување во текот на седмицата не ви е усогласено и си легнувате во различна доба секоја вечер, вашиот организам нема да знае кога е време да се „исклучи“, па будењето ќе ви биде мачно.

Мислите дека може да надоместите преку викендите

Имате навика преку работната недела помалку да спиете, а потоа да го надокнадите сонот преку викендот? Научниците тврдат дека тоа не оди баш така. Едно истражување неодамна покажа дека недостатокот на сон може да доведе до трајно оштетување на мозокот, со што се намалува мозочната активност. Спиењето за време на викендите не може да надополни за недоволно проспиената седмица.

Си легнувате со полн стомак

Доколку вечерате помалку од три часа пред спиење, тоа може значајно да влијае на квалитетот на сонот бидејќи на тој начин се зголемува ризикот од проблеми со дигестивниот тракт. Затоа, внимавајте вечерата да ви биде полесна и да ја консумирате најмалку три часа пред да си легнете.

Спиете во положба на фетус

Една од најпопуларните положби за спиење е фетусот, која исто така не е оптимална, бидејќи во таквата положба на телото дишењето ви е отежнато. На луѓето кои сакаат да спијат вака згрчено, научниците им советуваат да стават една перница помеѓу нозете, како и една под горната рака, со цел рбетот да се исправи.

Спиете на душек кој е постар од вас

Душеците траат во просек 5-10 години, што варира во зависнот од нивниот квалитет, но и од вашата тежина и од тоа колку се вртите во текот на ноќта. Доколку вашиот душек има вдлабнатина во средината или доколку телото ви пропаѓа кога ќе легнете на него, време е да набавите нов.

Немате ролетни во собата

Можеби звучи банално, но ролетните можат многу да влијаат на вашиот сон. Всушност, доколку немате ролетни, можно е да не спиете добро бидејќи светлината од улиците (од автомобилите, рекламите и уличното осветлување) влегува во вашата соба. Човечкиот организам најдобро спие во мрак, па затоа доколку ви влегува светлина преку прозорот, пред спиење спуштете ги ролетните.

Спиете со вашето домашно милениче

Сопствениците на домашни миленици не можат да им одолеат на нивните крзнени пријателчиња, па им дозволуваат ноќите да ги поминуваат со нив качени на кревет. Но, студиите покажуваат дека дури 63% од луѓето кои спијат заедно со своите миленици имаат проблеми со сонот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag