Домашни лекови против првут

popara15 октомври, 20141min00
4

Многу луѓе, и мажи и жени, имаат проблем со првут поради што многу пати почувствувале срам. За да го спречите создавањето на првут, пробајте некој од следниве лекови кои може да ги направите во домашни услови.

  • Маслиново масло
    Маслиновото масло е познато како одлично средство за хидратација и чистење. Малку загрејте маслиново масло и нанесете го на оној дел од кожата каде се појавил првутот. Масирајте ја кожата со кружни движења, а после еден час измијте ја косата со шампон.
  • Сок од лимон
    Еден од најдобрите лекови против првут е лимоновиот сок. Исцедете лимон и сокот имешајте го со вода. Влажниот корен измасирајте го со кора од лимон, а неколку минути потоа исплакнете ја косата со лимоновиот сок помешан со вода.
  • Јаболков оцет
    Во шишенце со распрскувач помешајте 60ml јаболков оцет и 60ml вода. Со оваа смеса испрскајте го коренот на косата, замотајте ја во крпа и после еден час измијте ја.
  • Сода бикарбона
    На влажна коса втријте сода бикарбона. Овој третман применувајте го неколку седмици и вашата коса повторно ќе започне да произведува природно масло.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma