Тие имаат 500 милиони долари, а нивниот син спие во паркови и бара храна во контејнери

popara15 октомври, 20141min00
13
Неговото семејство има богатство поголемо од 500 милиони долари,
но тој спие по паркови и бара храна во контејнери.

Џес Бролин, синот на актерот Џејмс Бролин, неодамна бил снимен како бара храна во ѓубрето во Калифорнија.

Откако во 2011-тата година останал без својот стан за кој месечно плаќал 800 долари,

овој 40-годишен маж сега живее на улица и спие на само неколку километри од семејната куќа,

вредна неколку милиони долари.


Според пишувањето на весникот Mirror, Бролин во 1995-тата година добил наследство од неколку стотици илјади долари,

кога неговата мајка, поранешна сопруга на актерот Џејмс Бролин, загинала во сообраќајна несреќа.


Тој тогаш живеел развратно, онака како што сакал, но на крајот завршил без пари во џебот.

“Некогаш спие зад продавницата, во суштина не гледа каде легнува.

Навечер може да биде многу студено. Тоа е навистина тажна ситуација”, изјавил изворот за Mirror.


Портпаролот на семејството Бролин рекол дека тие направиле се’ за да му помогнат, но безуспешно.

Му нудевме помош и поддршка и ќе продолжиме со истото.

Многу го сакаме и го сакаме најдоброто за него – рекол портпаролот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma