Неверојатни случаи на проституција кои ја шокирале и полицијата

popara22 октомври, 20141min00
23
„Не можете да замислите како изгледа девојче од 12 или 13 години кое за една ноќ имало 10 или 15 клиенти и уште е под дејство на наркотици. Таа не може со вас ниту да разговара, да ве гледа, а не ве ни слуша, дава неповрзани одговори”, раскажала инспекторката Драгана Старчевиќ, присетувајќи се на еден случај.

Драгана Старчевиќ, полициски инспектор во Одделението за јавен ред и мир за градот Белград, раскажала шокантна приказна за проституцијата во Србија. Се сретнувала со различни сцени, но некои од нив навистина ја потресле, пренсува Мондо.рс.

Прв пример е едно семејство кое се доселило во Белград – мајка од четириесет и нешто години со три деца, како и нејзиниот нов емотивен партнер, кој не бил татко на децата.

Ќерката имала 19 години, синот 15, а најмладата две години. Бидејќи дознале дека во станот на тоа семејство се случува проституција, полицајците влегле во него и затекнале клиент кој избира измеѓу мајката и ќерката во долна облека.

Во другата соба се наоѓал вонбрачниот сопруг, во гаќи и градник, доколку и за него се појави заинтересиран клиент. Подоцна полицијата открила дека мајката ги натерала ќерката и невенчаниот сопруг да се занимаваат со проституција. Поради тоа била осудена за трговија со луѓе и сместена во затвор, а децата во ги сместиле во семејства.

Другата случка била во еден стан во Нов Белград, каде што маж ја изнајмувал својата сопруга на клиенти, додека детето им било во шок. Додека таа „работела“, сопругот бил во соседната соба и се` потајно набљудувал. Честопати и намерно ги снимале нејзините средби со клиентите, па потоа заедно ги гледале снимките, бидејќи, како што кажале, тоа добро влијаело врз нивниот сексуален живот. Ако се случело мажот да не е дома, жената имала задача да фаќа белешки во текот на односот со клиентот и потоа тоа да му го прочита на сопругот.

Кога ја прашале да ги наведе најтрагичните примери кои ги видела во текот на кариерата, Драгана го издвоила случајот со девојче од 13 години, кое било жртва на трговијата со луѓе. Нејзе ја експлоатирал некој кого таа го сметала за момче.

„Не можете да замислите како изгледа девојче од 12 или 13 години кое за една ноќ имало 10 или 15 клиенти и уште е под дејство на наркотици. Таа не може со вас ниту да разговара, да ве гледа, а не ве ни слуша, дава неповрзани одговори. Се наоѓа во лоша психичка и физичка состојба, има повреди од убоди од игли. Имавме и случај со девојче кое имаше повреди од гасење на цигари по телото, кое физички го злоставувале макроата“, раскажала инспекторката.

Но, во проституцијата не влегувале само жени, туку и мажи. Како што раскажала Старчевиќ, во главно станува збор за трансвестити и хомосексуалци. Трансвеститите им давале услуги на клиентите „како жени“, а некои од нив, посебно тие под дејство на алкохол, не ни знаеле дека всушност маж „им пружил услуга“, затоа што се` се случувало во мрак и некогаш, врз основа на нивниот изглед, било тешко да се поверува дека не се жени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *