Храната која опасно го намалува бројот на сперматозоиди

popara12 декември, 20141min00
2

Јадете многу месо и сирење со заситени масни киселини? Имате големи шанси да го намалите бројот на сперматозоиди, предупредуваат научниците од Данска.

Во магазинот American Journal of Clinical Nutrition е објавено истражување во кое учествувале 700 млади Данци на возраст од 20 години. Оние кои јаделе најмногу заситени масти имале околу 38% пониска концентрација на сперматозоиди и 41% помал број на сперматозоиди во семето од оние кои јаделе помалку мрсна храна.

Не можеме да кажеме дека се работи причинско-последичен однос, но и другите истражувања покажале дека внесувањето на заситените масти има врска со другите проблеми, а сега и со бројот на сперматозоиди“, изјави Тина Џенсен, водач на истражувачкиот тим од болницата Рингшоспиталет во Копенхаген.

Испитаниците давале податоци за храната која ја јаделе во претходните три месеци и давале примерок од нивната семена течност. Најдобри резултати имала групата чии масти во исхраната биле извор на помалку од 11.2% енергија, а најлоша група била онаа чија масна исхрана била извор на повеќе од 15% енергија.

И претходните истражувања укажувале на врската помеѓу исхраната и стилот на животот и квалитетот и производството на сперматозоиди. На пример, во 2011 година бразилските научници утврдиле дека јадењето на повеќе видови житарици како што е пченицата, овесот или јачменот ја подобруваат концентрацијата на спермата и нивната поголема раздвиженост, а овошјето ја подобрува нивната брзина и агилност.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag