Есента е годишно доба кое на масата ни сервира овошје од кое може да се направат вкусни пити и слатки. За денес, на мени ви ја нудиме питата од јаболко и еден од најдобрите рецепти за вкусно парче пита за вашите гости.
Питата е комбинацијa од свежи јаболки, цимет и солен карамел.
Тесто:
Измешајте 400 грама брашно,
пола лажичка сол,
220 грама путер (исечкан на коцки од 1 см),
2 жолчки (белките чувајте ги за премачкување на питата) и
3 лажици ладна вода.
За подготовка на карамелот ви се потребни:
200 грама шеќер,
3 лажици вода,
200 гр. слатка павлака,
6 лажици сок од портокал,
1 ванила,
четвртина лажичка сол,
6 јаболки,
сок од еден лимон,
1 лажица меко брашно,
2 лажици цимет,
50 грама путер и
4 лажици шеќер
плус две лажици цимет за посолување.
Начин на подготовка:
1. Измешајте го брашното со солта, набрзина додајте го путерот и измесете со прсти додека не добиете тесто со ронки. Изматете ги жолчките и додајте ги во брашното. Месете додека смесата не се собере во тесто, а ако тестото е суво, тогаш додајте ги трите лажици вода.
Изработете две топчиња од тесто, замотајте ги со пластична фолија и ставете во фрижидер најмалку еден час.
2. За карамелот, ставете шеќер, 3 лажици вода и ставете на млак огин. Варете додека шеќерот не се претвори во карамел (10 минути), не мешајте и по потреба, протресете ја посадата.
Кога карамелот е готов, тргнете од огин и внимателно вмешајте ја слатката павлака, сокот од портокал, ванилата и солта. Вратете на огин и кратко мешајте додека смесата не стане мека. Оставете ја смесата да се лади на собна температура.
3. Јаболките измијте ги, излупете ги и извадете ги семките. Ставете ги во посада со ладна вода во која претходно ќе додадете сок од лимон за да не потемнат. Исцедете, насечкајте ги на тенки кришки и додајте им една лажица бражно и 2 лажици цимет. Измешајте.
4. Загрејте ја печката на 200 степени. Измесете го првото топче тесто, а тавчето во кое ќе ја печете питата премачкајте го со путер и посолете со брашно.
На тестото, наредете еден слој јаболка и потоа ставете слој карамела и повторувајте така додека имате доволно смеса. На последниот слој јаболка распоредете неколку парчиња путер, а рабовите на тестото измачкајте ги со белките кои претходно ги сочувавте.
Со второто топче тесто, покријте ја питата, и одделете ги рабовите со стискање со прстите. Отстранете го вишокот тесто.
Питата покријте ја со алуминиумска фолија и ставете во топла печка. Печите на 200 степени првите 25 минути.
Извадете ја питата, тргнете ја фолијата, премачкајте ја питата со белки и посолете со мешавина од шеќер и циет. Вратете во печка уште 25 минути.
Откако питата ќе биде готова, оставете ја да се лади барем еден час.