Воспаление на синуси или мигрена? Препознајте ја разликата

24 октомври, 20140
2

Затнат нос, болка во пределот на челото и лицето, лоша концентрација, покачена температура, исцрпеност, кашлица…

Сите овие непријатни симптоми може да се причина поради воспалени синуси, а кое воспаление се јавува поради честите временски промени. Слични симптоми дава и мигрената, која за разлика од симптомите на воспалени синуси, кај повеќето создава и чувство на мачнина, повраќање, губење на рамнотежа и болка само во едниот дел од главата.

Затоа, при дијагностицирање на видот на главоболката, битно е да знаете дека воспалението на синуси не значи нужно дека страдате од мигрена, и детектирањето понекогаш создава сомнежи дека можеби страдате од мигрена, а да тоа не е случај воопшто.

Кога е во прашање мигрена, тогаш лекувањето на овој вид заболување се спроведува со антиревматици, витамините Б6 и Ц, како и мала доза на лек за смирување на нервниот систем, од причина самата болка претставува стрес за организмот и во такви услови, потребно е благо смирување на напнатите нерви.

sinusi005

Од друга страна, лечењето на синусите вообичаено се спроведува со антибиотици, а многу помага и земањето на витаминот А, Ц и Е, цинк и селен, потоа чај од коприва или пилешка супа која благотворно делува кај затнатата носна шуплина.

Доколку главоболката не е од прогресирачки вид, тогаш благотворно може да делува и затоплување на тој дел од главата. Истуширајте се со топла вода, не излегувајте надвор без капа која го прекрива челото и направете напарување на синусите со чај од коприва. Акутната главоболка може да исчезне побргу отколку што очекувате.

Вредно да се спомене е и лечењето со халотерапија – третмани во солени соби, кои станаа хит на овие простори. Поволното влијание на аеросолите и ефектите кои се постигнуваат со инхалација се користи не само за синусите и респираторните органи, туку и за целиот организам.

Sinusi01

Симптоми на синузит (воспаление на синуси)

Симптомите на синузит се затнат нос, секрет од носот, притисок во челото, покачена температура, замор и исцрпеност, главоболка. Многу често се создава и ‘”постназален дрип”, односно слевање на секретот во грлото. Кај потешките случаи, може да се јави и болка во увото или вратот, забоболка, губиток на чувството за мирис и слузење од очите.

Лекувањето се спроведува со антибиотици, со деконгестанти (капки за нос), и таблета за болка. Се препорачува инхалација, користење на солена течност која се вбризгува во носот (капки за нос од солена морска вода), потоа навлажнувачи на воздухот и топли облоги кои се ставаат на болните места. Во текот на акутната инфекција, се препорачува престој во соба со стабилна температура на воздухот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi