Тие се неверојатно убави, премногу богати и исклучително популарни на друштвената мрежа Instagram. Овие Русинки буквално со брзина на светлината ја “преземаа” оваа друштвена мрежа под своја контрола и му покажаа на светот колку се тие всушност посебни.
Неверојатно, но некои од нив имаат и над милион обожаватели кои секојдневно се во огромно исчекување на нови нивни фотографии. Нивниот стил и убавина дефинитивно остава без текст.
Погледнете дел од најпопуларните Русинки на оваа друштвена мрежа, кои буквално ќе ве остават без здив!
Света Билјалова
Светлана Билјалова поседува неверојатна бројка од над 1.5 милиони обожаватели на друштвената мрежа Instagram.
Оваа убавица е родена на 13-ти јануари 1992-рата година во Москва. Висока е 172 сантиметри, а нејзините пропорции се 91-58-96 сантиметри.
Галинка Миргаева
Галинка е дефинитивно една од најзгодните девојки на целата Instagram мрежа. Таа е родена во јули 1987-мата година во рускиот град Перм. Оваа убавица за многу кратко време успеа да собере над милион следбеници.
На оваа манекенка денес дефинитивно не и е потребна никаква ПР компанија ниту пак агенција за модели, бидејќи друштвената мрежа Instagram се покажа како далеку поефектна реклама од било каква визит картичка.
Олја Абрамович
Олја Абрамович обожува да се фотографира, а освен тоа што е модел, за неа не се знаат многу информации. Според она што го пишува на нејзиниот профил, Олја е родена на 6-ти ноември во 1989-тата година во Перм, исто како и Галинка.
Друштвената мрежа Facebook неколку пати отстрануваше нејзини фотографии поради разголеност, а на Instagram мрежата таа има над 1.3 милиони фанови.
Олезија Малинскаја
Олезија е едноставно преубава, неодоливо згодна, премногу богата и секогаш совршено облечена. Таа е родена на 5-ти април 1989-тата година во градчето Волгодонск, а во Москва се преселила на 18 години кога се омажила за богаташот Антон Малински.
Но, тие се развеле бидејќи таа наводно го изневерувала со друг богаташ, но сепак таа го задржува неговото презиме. Олезија е поранешен модел, а сега е многу успешна креаторка на ексклузивни тоалети наменети само за вистински дами.
Олга Ибрагимова
Олга Ибрагимова е позната модна дизајнерка и блиска пријателка со Олезија Малинскаја. Оваа девојка е родена во Перм, во богато семејство на државни функционери. Таа студирала во Лос Анџелес, а подоцна отворила и свои ателјеа во Перм, Рим и Москва.
Даша Белизе
Даша е најдобра пријателка на Олезија Малинскаја, од која речиси и да не се двои. Оваа блондинка која има совршени пропорции е родена во 1988-мата година и се занимава со манекенство.
Злите јазици тврдат дека оваа девојка е богата благодарение на тоа што таа е деловна партнерка на господа од високото друштво.
Марина Мајер
Марина Мајер е една од оние девојки кои имале среќа да се омажат во богати семејства. Сопругот на оваа преубава бринета константно ја опсипува со подароци, а неодамна од него доби и скапоцен автомобил Bentley.
Марина едноставно ужива во животот, а тоа сака да го сподели и со над 350.000 нејзини Instagram обожаватели.
Татјана В. Лијалина
Татјана Лијалина е уште една богата и згодна девојка од Instagram мрежата која е пријателка со Олезија Малинскаја. Оваа висока блондинка е исто така моден дизајнер, но и дизајнер на ентериер. Татјана е родена во 1982-рата година, а неодамна доби и ќерка, со која често споделува фотографии на Instagram мрежата.
Таа добива голема популарност благодарение на нејзиниот беспрекорен стил и екстравагантниот начин на живот.