Модниот бренд Лубутан се прослави со елегантните потпетици кои ги обожаваат жените ширум светот. Покрај по луксузниот дизајн, овие чевли станаа препознатливи по црвено обоениот ѓон, кој стана нивен заштитен знак. Освен на вашите стапала, овој моден детаљ можете да се најде и на вашите нокти. Еве како.
Потребно ви е:
- Црвен лак за нокти
- Лак за нокти во црна или кожа боја
- Отстранувач на лак за нокти
- Стапче за уши
Постапка:
- На внатрешната страна на ноктите со тенка четкичка нанесете јако црвен лак за нокти сè до кожата на прстите.
- Земете стапче за уши или чепкалка за заби на која има намотано малку памук, потопете го во отстранувач на лак за нокти и избришете го вишокот на кожата околу ноктот.
- На горната страна на ноктите нанесете два слоја лак за нокти во кожа боја или пак црн.
- Завршете со лак за финиш.
Погледнете го видеото за деталната постапка.
http://www.youtube.com/watch?v=_hHpLre-gOM