Состојки
- 1 кг брашно (состојки за тесто)
- 500 мл млака вода (состојки за тесто)
- 100 мл масло за готвење (состојки за тесто)
- 2 пакетчиња сув квасец (состојки за тесто)
- 1 ½ лажичка шеќер (состојки за тесто)
- 3 лажички сол (состојки за тесто)
- 400 г спанаќ (состојки за фил)
- 200 г павлака (состојки за фил)
- 100 г сирење (состојки за фил)
- малку сусам, ким, чурек… (за декорација)
- 1 јајце (за премачкување)
Подготовка
- Во подлабок сад ставете ги сите состојки за подготовка на тестото. Добро промешајте и месете се додека не добиете мазно, компактно тесто кое треба да биде меко, но не премногу меко за да може да се формираат панцеротките.
- Оставете го тестото да нарасне убаво (да добие барем 2,5-3 пати поголем волумен) а во меѓувреме подгответе го филот.
- Спанаќот обарете го и во блендер измешајте го заедно со павлаката и сирењето. Блендирајте се додека смесата не се соедини. По желба, зачинете.
- Стасаното тесто поделете го на 2 дела и расукајте го како за пица во кружна или правоаголна форма со дебелина од околу 3 мм.
- Со калап (или чаша), од целото тесто, вадете крукчиња. Секое второ крукче наполнете го една лажица од филот, со вода намачкајте ги краевите и со друго крукче поклопете го.
- Вака подготвените панцеротки, со виљушка притиснете ги краевите за добро да се залепат двете крукчиња. Премачкајте ги со изматено јајце и наросете ги со сусам, ким, чурек и сл.
- Пожелно е да одморат на плех (да нараснат) уште барем 30 минути пред да ги ставите да се печат.
- Печете ги во загреана рерна на 200 степени, околу 15 до 20 минути или се додека не добијат убава кафено-златна боја.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma - loodgieter den haag