Пишувањето смс пораки или зборувањето на мобилен телефон додека управувате со автомобилот може да ве чини живот.
Еден таков случај ѝ случил и на Лиз која ја читала пораката од нејзината мајка во момент додека возела на автопат со поголема брзина.
Честопати нејзината мајка ја предупредувала и ја прашувала дали го користи мобилниот додека вози, а таа ја лажела дека внимава и не го прави тоа.
Ги гледала сите други дека го прават тоа, па мислела дека е во ред и не сакала да ја загрижува мајка ѝ.
Но, како и во сè друго, кога на лагата ѝ се кратки нозете, за жал, во овој случај тоа морала да го сфати на многу потрагичен начин.
По направената сообраќајка, само заради една обична смс порака, едното око ѝ останало целосно затворено, не може да произведува солзи од двете очи, бидејќи ѝ се оштетени солзните жлезди, а на едното уво не може ни да слуша.
Последиците се страшни, само поради една безначајна СМС порака која можела да ја чини живот.
Погледнете го видеото и размислите пред да го направите истото: