Го поканил силувачот на својата ќерка на вечера и го мачел до смрт

popara4 ноември, 20141min00
9
Татко наводно го поканил човекот за кој се сомневал дека е силувачот на неговата 14-годишна ќеркичка на вечера по што го мачел на најбизрани можни начини додека не умрел.

Тој најпрво му зготвил вечера на 45-годишниот оженет маж во петокот навечер по што станал, го совладал човекот и го врзал за стол, а потоа му ги изгорел гениталиите со загреана маша, објавила полицијата.

Бесниот татко (36) потоа го давел човекот до смрт, а ова бизарно убиство го планирал два месеци, откако неговата 14 годишна ќеркичка била сексуално злоупотребена.

Инцидентот се случил во Кајури Кас, во Североисточниот дел на Делхи.

Откако го извршил убиството, таткото влегол во полициска станица и го признал своето злодело – давајќи детален опис за тортурата која му ја извршил на силувачот.

Тој изјавил дека не се обратил во полиција за силувањето на ќерка му иако знаел кој го извршил бидејќи сметал дека нема да се разреши и дека ќе го ослободат силувачот, а соседите и роднините ќе ја обвинат неговата ќерка за инцидентот.

“Му ги изгорев гениталиите еднаш, тој вриштеше… Потоа му ги горев уште два пати. Третиот пат не се помести…”, пренесува Indian Express.

Потпаролот на полицијата изјавил: “Врз основа на неговата изјава ние испративме тим на местото и го најдовме телото. Телото е испратено на обдукција и неговото семејство е информирано за случајот. 36-годишниот татко е уапсен.”

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma