Овој доктор породил 4.000 бебиња, но не сонувал дека едно од нив ќе му го спаси животот!

popara6 ноември, 20141min00
26

Пред 45 години, докторот Џим Афлек, акушер, работел во болницата “Sutter Memorial” во Сакраменто. На свет донел голем број на бебиња, а меѓу нив бил и Роберт Кинкејд.
Момчето пораснало и станало хирург. Како што само животот знае да направи, Роберт се вработил во болницата во која што бил роден. Меѓутоа, воопшто не помислил дека под чуден сплет на околности, ќе се запознае со човекот кој му помогнал да дојде на свет!

Еден ден во одделението на Роберт дошол пациент на кого итно морала да му биде извршена операција за замена на срцевиот вентил. Не знаел за кого станува збор, ниту пак дека ќе може да му се оддолжи на човекот кој ја породил неговата мајка, пишува New York Daily News.

Додека разговарале, Џим споменал дека е акушер и дека долго време работел во болницата во која требало да биде опериран. Роберт почнал да се интересира, па со време на лекарот му кажал дека и тој е роден во таа болница. Воден од својата љубопитност, како и од фактот дека во животот ништо не е случајно, Роберт брзо отишол дома да го пронајде својот извод од матично. Кога го погледнал, во долниот десен агол, јасно стоел потписот на доктор Афлек!

Веднаш му го покажал изводот на пациентот, кој не можел да верува во оваа случајност.

“Секако дека не се сеќавам…”, рекол доктор Афлек, кој сега има 83 години и на свет донел повеќе од 4.000 бебиња – “Мислам дека овој животен циклус е целосно заокружен. Направен е цел круг”!

27

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma