Анатомија на момчето кое доаѓа и си заминува…
Тој е…
Маж кој исчезнува после неколку сјајни денови кои сте ги поминале заедно, а тогаш изненадно ви праќа порака после неколку недели или месеци и се прави како да не исчезнал како дух, како тотален лузер.
Во што е работата?
Тој крстари од жена на жена, настојувајќи да ги остави сите опции отворени. Не е расположен за обврзување затоа што тоа би значело дека би можел да пропушти нешто подобро што можеби го чека зад следниот агол. Сака да ве задржи во својот свет, но под негови услови. Или се обидел нешто со некоја друга девојка, го откачила и сега се враќа кај вас, како резервна варијанта.
Вашиот следен чекор
Ако не прашувате нас, овој вид на мажи би требало да се „истребат“, а вие би требало да престанете да одговарате на неговите повици. Доколку сакате да продолжите со него, не очекувајте да бидете нешто повеќе од една во низата.