Многу сакале дете, но тој загинал. Погледнете што се случило потоа…

popara12 ноември, 20141min00
6
Камерон Робинет (25) од Аризона не дочекал да му се исполни најголемата желба да стане татко. Тој настрадал во сообраќајна несреќа на мотор, но неговата вереница Стефани Лукас не се откажала од идејата да му роди дете.

Камерон минатиот петок седнал на мотор и отишол да гледа куќи, барајќи совршен дом за себе и за својата идна сопруга. Меѓутоа, доживеал страшна несреќа и три дена подоцна починал во болница.

Скршената Стефани веднаш смислила план – на интернет ја објавила нејзината трогателна приказна и ги замолила луѓето да донираат колку можат, за да собере средства за процедурата на земање сперма.

Допрени од нејзината трагедија, непознати луѓе веднаш почнале да уплаќаат пари и за неколку часа успеала да собере 11.000 долари.

„Мојот вереник Камерон доживеа несреќа на мотор во петокот и денес е прогласен за мозочко мртов. Многу сакаше деца, а нашите семејства и јас решивме да го исполниме тоа. Ова бебе би било навистина сакано и окружено со прекрасно семејство. За жал, за оваа процедура е потребно да се уплатат 6.000 долари до утре навечер, а тоа е сума која ние не можеме да ја собереме. наместо цвеќиња и подароци во чест на Камерон, ве молиме да дадете донација за да вратиме дел живот од Камерон, неверојатниот, згодниот, духовит маж кој го сакам со целото мое срце“, напишала таа во огласот.

Донациите набрзо почнале да пристигнуваат, а некои луѓе уплаќале дури по 1.000 долари.

„Бевме многу возбудени околу создавањето на семејство. Ми велеше дека веднаш треба да почнеме со тоа и не мора да чекаме до венчавката. Многу сакаше да биде татко и сега ја исполнувам неговата желба“, вели 22-годишната Стефани.

Таа вели дека комплетната процедура чинела 9.000 долари и дека неговата сперма ќе биде замрзната и чувана до моментот кога таа ќе одлучи да забремени. Сепак, таа се уште не знае кога ќе го направи тоа.

„Тагата уште е многу свежа во овој момент, но ќе го направам тоа, сакам негово дете, наше дете“, раскажа Стефани.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma