Неодамна е објавено писмото со потпис на Адолф Хитлер, кое датира од 1919 година, кое јасно го покажува неговиот антисемитизам и омразата кон евреите, пренесува Dailymail. Во писмото се истакнува дека Хитлер ја повикува владата да ја спречи “еврејската закана“ и да ја организира “отстранување на сите евреи“, бидејќи според него тие биле “туберкулоза меѓу луѓето, која се размножувала веќе илјадници години“.
Писмото се чува во центарот Simon Wiesenthal во Њујорк, а откупено е од приватен колекционер за 160.000 илјади долари.