ВИДЕО: Џобс гради вселенски брод на копно за своите вработени

9 јуни, 20110
steve_jobs_0106

Првиот човек на “Ејпл“ Стив Џобс претстави уште еден, ултра амбициозен план. Компанијата е соочена со проблем на недостиг од простор за своите 13.000 вработени па Џобс и екипата одлучиле да направат не само нов работен простор за своите работници, туку и да го направат толку единствен, да изгледа како да не е од овој свет.

Џобс се појавил пред советниците во Купертино Сити, каде “Ејпл“ има претставништво и им го претставил својот амбициозен план. Самиот Џобс проектот си го нарекол најдобро уредена деловна зграда во светот, а се работи за четирикатна кружна градба, која ќе може да собере 12.000 вработени.

http://www.youtube.com/watch?v=bajQkPVH4y4&feature=player_embedded

“Тоа е една неверојатна зграда и изгледа како аеродром за вселенски бродови“, истакнал Џобс.

Зградата би работела на алтернативни извори на енергија, кои нема да и штетат на околината. Проектот на Џобс изгледа како нависитина да се работи за вселенски брод на копно, а се наоѓа на ново земјиште кое Џобс го купил, каде претходно била сместена компанијата “ХП“.

Џобс истакнал дека со работа треба да се почне некаде околу 2012, а зградата би била пуштена во употреба до 2015 година.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi