Шешељ: Од Судот барам смртна казна

9 јуни, 20110
ALL
Во завршниот збор на второто судење на Воислав Шешељ за непочитување на судот, обвинителот Брус МекФарлан оценил дека адекватна казна би била три години затвор, по што Шешељ предложил да го осудат на смрт, пишува “Дневник“, пренесува НетПрес.
“Тоа би било идеален крај на мојата политичка и правна кариера“, рекол Шешељ кој во завршниот збор почнал да ја оспорува легитимноста на Хашкиот суд, потсетувајќи дека истото го тврдел сегашниот судија Алфонс Орие додека го бранел Душко Тадиќ на првото судење во Хаг.
Шешељ се осврнал на казна од 15 месеци затвор, која му била изречена на крајот од првото судење за непочитување на судот. Навел дека во сите такви судења казната би била “до четири месеци затвор или симболична парична казна“. Додал дека својата интернет страна ја префрлил на сервер во Калифорнија. “Хашкиот суд не може ништо во Калифорнија, мојата страна останала и ќе остане и по мојата смрт“.
Сепак на крајот на судењето сугерирал дека би требало да биде ослободен и повторил дека целта му е да го уништи Хашкиот трибунал и дека пресудата не го интересира.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi