Незаборавна зимска дестинација: Француските Алпи

popara26 ноември, 20142min00
10
Огромен број на популарни француски места за скијање се дел од омилените дестинации за туристите во текот на зимскиот период и истите се состојат од ресорти и хотели од секаков вид.

Имено, голем дел од француските ски центри се ексклузивни одморалишта кои што на гостите им нудат опција за купување на специјализирани влезници, се со цел тие да можат да ја истражат околината во целост, односно да уживаат во скијањето на посебни патеки за скијање и сноубординг, патеки наменети исклучиво за најстрасните љубители на недопрената природа и адреналинот.

Во продолжение погледнете дел од главните француски локации за забава на снег, па со оглед на тоа што зимата и големите новогодишни празници се се поблиску, можеби токму помеѓу овие места ќе ја најдете дестинацијата за вашето овогодишно зимување и прославата на најлудата вечер во годината.

Paradiski

Станува збор за ски центар кој се состои од три прекрасни скијачки “станици”: Peisey-Vallandry, La Plagne и Les Arcs, а може да се пофали и голема должина на скијачките патеки одделно, од 1.200 до 3.250 метри.

 

Инаку, повеќе од 70% од оваа локација се наоѓа на надморска височина поголема од 2.000 метри, што претставува и гаранција за квалитетната снежна покривка.

Со погледот кон импресивниот Монблан, огромниот спектар на скијачки патеки со вкупна должина од 435 километри, овој ресорт има се што е потребно да се задоволат апетитите дури и на оние скијачи кои се “најжедни” за адреналин и уживање.

Гостите може да одбираат каде ќе престојуваат, па така, тие може да се сместат во мирното селце, односно прекрасниот амбиент во Peisey-Vallandry, ресорт кој се состои од пет автентични селца.


Посетителите можат да ја проценат и репутацијата на Les Arcs, место познато по специфичните понуди околу зимските спортови,а тука се и шесте ресорти во склопот на La Plagne, поврзани со скијачки патеки, писти и жичари.
 


Les 3 Vallées

Станува збор за најголемиот скијачки центар, составен од ресортите Courchevel, La Tania, Meribel, Brides-les-Bains, Les Menuires-Saint Martin, Val Thorens и Orelle. Се со цел да се овозможи максимална удобност и комфор за сите посетители кои што сакаат да го истражуваат просторот околу себе, сите горенаведени ресорти се поврзани со 600 километри долги скијачки патеки и околу 180 жичари.

 

Во рамките на зимскиот центар се сместени и бројни снежни паркови, наменети на семејствата со деца, односно на сите оние кои сакаат да играат во безгрижната игра на снегот.

Но, во ова одморалиште се добредојдени сите, и професионалните скијачи, и оние кои што сакаат само да се опуштат, па дури и оние кои “се санкаат на кеси”.


Portes de Soleil

Станува збор за комплекс од ресорти, односно вкупно 12 одморалишта сместени на швајцарско-француската граница. Portes de Soleil на гостите им нуди уживање во скијањето низ планинските шуми и снежните долини.

 

Гостите може да одбираат помеѓу понудените локации, во зависност од тоа што преферираат, но важно е тоа што сите опции се отворени за секого. Вкупно, ски центарот поседува 283 скијачки патеки, 197 жичари, 650 километри врвно уредени патеки, 10 паркови полни со снег и дури 90 луксузни ресторани.


Едноставно, станува збор за места во кои што зимувањето и прославата на најлудата ноќ во годината ќе бидат навистина спектакуларно искуство. Величествените Алпи дополнително разубавени со блескавиот снег, во комбинација со француската елеганција и престижните луксузни хотели, ќе направат зимувањето за гостите да биде нешто што тие ќе го паметат цел живот.
 


Со оглед на тоа што Франција е позната и како земја на љубовта и романтиката, најчесто на туристите им се препорачува оваа дестинација да ја “освојуваат” со саканата личност и во прекрасната атмосфера да ги поминат последните моменти од годината што полека изминува.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag