Филмот „Сам дома“ редовно се прикажува за време на божиќните празници. Но, откако ќе го погледнете трејлерот кој го режираше екипа на „Screen Junkies“, кои објавуваат „Вистинити трејлери“ и ги „разоткриваат“ популарните филмови, веројатно веќе нема да го повторите тоа доживување… Или поинаку ќе го доживувате филмот.
Во својата интерпретација на „Сам дома“, прикажале, или како што тие велат, разоткриле вознемирувачко однесување кај ликот кој го глуми Меколи Калкин и неверојатната невнимателност на двајца негативци од филмот. Сите дупки од култниот филм се откриени, порачува екипата на комичарот. Ликот на Меколи во нивната интерпретација ги покажува сите назнаки на психопат – манипулација, зборување самиот со себе… На оние кои имаат намера уште еднаш да го погледнат филмот, се надеваме дека трејлерот не им ја уништил желбата.