Поранешната зајачица, Кендра Вилкинсон, деновиве ја разбранува јавноста откако откри дека за прв пат имала секс со Хју Хефнер на само 19 години, додека тој имал 78.
Сега, додава дека искуството е нешто што сака да го остави зад себе. Иако за време на средбите со основачот на Playboy била мошне пијана, веќе следниот ден чувствувала грижа на совест.
-Тие вечери бев прилично пијана и не се грижев за тоа до следниот ден. Морав да пијам или да пушам трева за да преживеам. Тоа беше како работа. Не уживав во сексот, вели Кендра.