Фановите на Арнолд Шварценегер и култниот акционен филм “Terminator” имаат причини за радост, бидејќи на 1-ви јули 2015-тата година, ќе може да уживаат во продолжението на своето омилено филмско остварување, кое е само прво од најавените три.
Вториот дел од фантазијата ќе пристигне во мај 2017-тата година, додека третиот во јуни 2018-та.
Главните улоги, покрај славниот Арнолд Шварценегер, им припаднале на Емили Кларк, Џејсон Кларк, Мет Смит и Џеј Кортни, додека за режијата е задолжен Алан Тејлор.
https://www.youtube.com/watch?v=3IZT8pk0OoQ