Читам, гледам…се чудам… Зарем повторно???
Млади луѓе..генерација за иднина на прав или погрешен пат???
Протестираат против екстерното тестирање.. И треба!
Но, дали воопшто знае таа генерација што треба да ја гради иднината на оваа наша проклетија, кој и од кои причини ги бутка тие млади луѓе во нешто што веќе повеќе од јасно- нема да има близок крај?!
Велат, средношколците ќе излезеле да протестираат..не ги пуштале да излезат.. Па недај боже да разберам дека мојата 14 годишна ќерка била присутна на злоупотребен збир за нечии пред се лични причини. Недај боже да било кој авторитет од нејзиното Средно Училиште, дозволил децата да се врзмаат по Скопските улици, додека ние родителите мислиме дека нашите деца се на сигурно… Недај боже! Затоа што, доколку се случи било каква непријатна случка или недај боже катастрофа од било кој вид, тогаш одговорноста пред се ќе се бара таму..кај нив..одговорните! Одговорност и тоа на многу поинаков начин од оној легалниот што претпоставуваат сите нормални општества. Зошто кога се децата во прашање, тогаш разумот не функционира!
Средношколски Авторитети: доообро размислете како ќе настапите денес..утре…во иднина… Тие деца сеуште не знаат каде се наоѓаат а уште помалку да ги осознаат предните и задните мисли на ,,авангардните ни транзициски комполексаши,, Мислам дека Ви е на сите јасно дека ова не е само студентски протест….
Се снимаат видеа. Се носат разгласи..транспаренти.. Кој тоа го плаќа??? Студентите од своите џебови? Ма дај…
Да се разбереме. Јас лично сум убеден дека со така наречените дополнителни оптеретувања во сите нивоа на образование, НЕ се решаваат ни минималните причини за разобличувањето на образованието во државата во целост! Потребни се мнооогу посериозни промени за образованието заличи иоле малку од малку на тие во Латинска Америка. Зошто од Европа и Америка сме светлосни години далеку.
Овде не се работи за Партии. Ниту СДСМ ниту ВМРО, ДУИ и другите што не заслужуваат да бидат споменати, не се вечни.. Тие ќе се менуваат а ракот метастазиран во нашето образование останува.. И ќе се шири додека тиквата целосно не пукне. А тогаш? Е тогаш ниту тие што се снимаа по разни видеа, а уште помалку тие што ги поттикнуваат тие млади луѓе да одработуваат за туѓи интереси, нема да бидат тука да ги спасуваат трошките што на сите нас ќе ни останат да си ги прибереме. А можеби и трошки нема да ни останат.
Македонска младино..интелегенцио..гордост наша.. Сега е секундот кога мора да пресечете и еднаш за секогаш да им кажете МАРШ у три лепе…на сите инфилтранти со исклучиво лоши намери и најчисто лични причини, вмешани во Вашите легитимни и искрени барања.
Вашиот интелект е дааалеку посериозен од сите Фрлиња, Владиња… Ееееј..абе да пукнеш да не гледаш.. Ивон…да да Ивон со т.н партија помала од куќен совет во просечно голема зграда од два спрата и поткровје, ,,партија,, за која и најблиската фамилија не гласа, Ве злоупотребува и Ве става во уста… Морбидно..хорор… Вие тоа не го заслужувате!!!
Зарем Ви требаат такви недоносени ликови???Не Ви требаат…ќе Ве однесат таму, од каде за брзо време НЕМА враќање!