Во одредени случи, испитувачите користеле метод на ректално хранење и хидрирање, процес во кој на затворениците насилно во анусот им се ставало храна и други нутриенти, како во случајот со затвореникот Маџид Кан. Во документот се наведува дека „аналната храна“ се состоела од хумус, тестенини со сос, ореви и пасирани јадења, кои анално му биле давани.

Во одредени случаи, како на пример во Кобалт, затворениците биле удирани во пределот на лицето и стомакот, биле лишени од сон, а главниот истражувач, без медицинска причина, наредил ректално хидрирање на затворениците.
Сенатот открива дека на затворениците им било соопштено дека никогаш нема да бидат ослободени и оти нивните семејства ќе бидат силувани и убиени.

httpv://www.youtube.com/watch?v=FU3ocKLLiaI

„Еден од испитувачите му соопштил на затвореникот дека никогаш нема да излезе жив од притворот на ЦИА и оти ‘светот никогаш не смее да дознае што ти направив’“, стои во извештајот.

Испитувачите, исто така, ги држеле затворениците делумно голи, заврзани за бетонски под. Еден од затворените починал како последица на хипотермија, а никој во ЦИА не сносел одговорност за случајот.

Сенатот открива дека имало случаи, како на пример со Аби Хазим, кога затвореникот бил задушуван со вода, сè додека не помодрел. По постигнувањето на ефектот на давање, била остранувана крпата од главата на Хазим, за да земе воздух.

httpv://www.youtube.com/watch?v=s9I4ODuU7_k

Извештајот наведува дека припадници на ЦИА, кои не биле обучувани за испитување, користеле недозволени техники, како на пример, врзување на затвореникот во рацете нагоре, поставување превез во очите, вперување пиштол в глава и поставување и вклучување бушилка во близина на телото.

Како дел од техниките за „кршење“ на затворениците, било и нивното ставање во ковчези, каде со денови биле држени во изолација, а потоа без престан, со денови, биле испитувани. Испитувачите им дозволувале на затворениците да спијат осум часа откако претходно биле малтретирани без престан цели 48 или 52 часа. Во одредени случаи, испитувачите си играле „руски рулет“ со затворениците.

Во извештајот се заклучува дека нечовечките методи на испитување на ЦИА во најголем дел од случаите не дале резултат.

httpv://www.youtube.com/watch?v=OtVkAw8xOhs