Две новогодишни реклами за Galaxy Note 4

popara17 декември, 20141min00
Две новогодишни реклами за Galaxy Note 4

Samsung има зацртано дека новиот Galaxy Note 4 треба да биде најпродаваниот гаџет за оваа празнична сезона, па заради тоа рекламите со овој уред не престануваат да се појавуваат во јавноста…

Серијалот најчесто следи семејство преку малиот син, кој го раскажува денот на мајката, сестрата, поголемиот брат или таткото. Нормално, за сите нивни потреби или проблеми, на еден или на друг начин Galaxy Note 4 го има решението.

Рекламите очигледно се насочени кон пошироката публика и најчесто се фокусираат на само еден аспект од телефонот кој ви нуди навистина многу. Всушност, спецификациите на Galaxy Note 4 сами по себе се реклама за уредот – 5,7 инчен QuadHD екран со Super AMOLED технологија, моќен quad-core Snapdragon 805 процесор кој работи на 2,5GHz и 3GB RAM.

Ова е надополнето со задна 16 мегапикселна камера со оптичка стабилизација и квалитетна предна камера со резолуција од 3,7 мегапиксели. Погледнете ги рекламите и кажете ни дали се подобри од оние за iPhone 6 во коментарите!

 

https://www.youtube.com/watch?v=zwXPEIJd474

 

https://www.youtube.com/watch?v=NYMaF76LWlg

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag