Еве како да ги поставите украсите и елката за позитивна енергија

19 декември, 20140
20

Доколку мислите дека е сеедно каде ќе ја ставите новогодишната елка и како ќе ја украсите, се лажете!

Времето на празници за сите е посебно, како поради буџетот, така и поради подготовките и еуфоријата. Фенг шуи не помага само во уредување на домот и благосостојбата, туку нуди и совети како новогодишната и божиќна декорација да ја уредите за да создава позитивна енергија во домот.

Местото за елката, по Фенг шуи, е од исклучителна важност, бидејќи ќе донесе хармонија во домот.

Каде да ја ставите елката?

Зимзеленото дрво претставува долговечност и пријателство. Според Фенг шуи практичарите, триаголниот облик на новогодишната елка се смета за симбол на оган, а најдобро место за овој симбол е горниот лев агол на вашата куќа.

Овој простор се смета за „површина на богатството“, а триаголните облици и предмети се составени од дрво се исклучително моќни.

Поставувањето новогодишна елка на ова место ќе привлече богатство и просперитет во вашиот дом.

Исто така, добро место за новогодишните елки се генерално сите агли од вашиот дом, или централниот дел од куќата, каде ќе се стабилизира енергијата за време на оваа празнична сезона.

Во случај елката да сте ја поставиле на север, украсете ја со стаклени декорации со сина, бела, сребрена и златна боја.

Елката на запад или северозапад би требало да биде во бели, сребрени, златни и жолти тонови, а никако во црвени.

Во случај елката да се наоѓа во југозападниот или североисточниот дел од домот, поволни се декорации во жолти и црвени тонови и многу керамички украси, додека белата и сребрената боја не се препорачуваат.

Како би допринеле за поквалитетна поврзаност на семејството, пожелно е секој член да постави барем по еден украс на елката, бидејќи со тој чин ја поставува и својата лична енергија.

Фенг шуи советува елката да НЕ ја ставате:

– Во ходник или соба каде може да блокира премин

– Во подрачје каде ќе го попречува протокот на Чи енергијата

– Премногу блиску до извор на топлина или камин, каде може да предизвика пожар или побрзо да се исуши

Украсување на домот

За постигнување на позитивно расположение генерално во празничното украсување на домот користете многу темнозелена боја. Во домот е присутна преголема количина енергија на оган (запалени свеќи, сеприсутна црвена боја…) која допринесува за караници и нервози, а темнозелената боја успешно впива.

Зимзелени гранки, венци, декорации одлично ја балансираат енергијата во просторот.

Деновиве често се фотографитраме, па пожелно е да имате во предвид дека фотографија со тројца луѓе подредени во еден ред е исклучително неповолна. Во случај семејството да се состои од три лица, тие треба да позираат во форма на триаголник, при што лицето кое најмногу заработува се сместува во горна позиција.

За пријатна атмосфера секојдневно запалете ароматична свеќа со мирис на мандарина, портокал, лимон или цимет.

И уште:

– Не избегнувајте светлечки украси. Огнот симболизира слава и углед, а светилките симболично претставуваат оган.

– Како би го подобриле здравјето, Божиќната ѕвезда или некое друго живо цвеќе засадено во земја држете го на средината од просторијата.

– Украсните ангели ставете ги лево од влезните врати. На тој начин ќе обезбедите помош од саканите луѓе.

– Во десниот агол, спротивен од влезната врата ставете две миризливи или украсни свеќи. На тој начин ќе осигурате празници полни со љубов и разбирање. Најдобри бои за свеќи се жолта, розева и црвена.

– Дајте му живот на вашиот дом со свежи бои и убави мириси.

– Зад вазната со цвеќе поставете украсно огледало, за убавината да се дуплира.

– Главните светла не треба да бидат многу силни.

– Додајте перници или некои други кружни предмети, за проток на позитивна енергија.

– Повикајте парен број гости.

– Не дозволувајте гостите да седат во близина на врата. Кој седи прв до излезот, секогаш прв заминува.

– Дозволете децата да уживаат, викајте што помалку.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi