Никогаш, ама баш никогаш не снимај во непосредна близина на запалена дрога!

popara23 декември, 20141min00
Никогаш, ама баш никогаш не снимај во непосредна близина на запалена дрога!
Која поука овој новинар ќе ја памети засекогаш по снимањето на репортажава?! Никогаш, ама баш никогаш не снимај во непосредна близина на запалена дрога! Повторуваме, никогаш!

Имено, Квентин Сомервил, дописник на ”BBC” од Блискиот Исток, успеал да го насмее светот, откако на интернет сервисот Јутјуб осамна видео на кое што може да се види како тој стои покрај куп од запален хероин, опиум и хашиш, притоа обидувајќи се на склопи реченица, но не успева во тоа поради нападите од смеење.


“Ова што гори зад мене се 8.5 тони хероин, опиум, хашиш и други наркотици”, се обидува да изговори новинарот, притоа “надувано” смеејќи се. На влијанието на дрогата имун не останува ниту камерманот, па поради тоа во неколку наврати тие го прекинуваат снимањето и се обидуваат одново.

Сепак, колку подолго стојат покрај запалената дрога, нивната ситуација станува се посложена. “Пссст, брзо, мораме уште еднаш”, му вели новинарот на камерманот, меѓутоа потоа повторно го фаќа напад на неконтролирано смеење.

 


На крајот новинарот сфаќа дека нема никакви шанси да ја сними репортажата без да почне хистерично да се смее, сфаќајќи дека е “надуван” од чадот кој се издигнува од запалената дрога.

“Заслуживте малку празнично смеење, и тоа на моја сметка”, прокоментирал Сомервил, кој видеото го нарекол и “Божиќен подарок за моите пријатели”. Како изгледало сето тоа, можете да погледнете од видеото во продолжение.

https://www.youtube.com/watch?v=446v4UFhr0c

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma