Xperia Z3 е најиздржливиот телефон на светот

23 декември, 20140
18

Во светот на мобилните телефони оваа година, повеќе бевме фокусирани на iPhone, Galaxy, HTC и LG уредите, па „ненамерно“ го заборавивме адутот на Sony, моделот Xperia Z3. Но, тоа не значи дека овој телефон не е квалитетен…

Мора да признаеме дека нашето игнорирање на овој уред е до одредена мера оправдано, бидејќи спецификациите заостануваат зад другите конкурентски модели – 5,2 инчен FullHD екран (во времето кога LG G3 понуди QuadHD), Snapdragon 801 quad-core процесор (веќе имаме Snapdragon 805 и 810 набрзо) и реално превисока цена (околу 100 евра поскапо од конкурентите).

Сепак, екранот е одличен, задната 20,7 мегапикселна камера е една од најдобрите на пазарот и…телефонот е навистина квалитетно изработен и е веројатно најиздржливиот на пазарот од „нормалните“ уреди.

Веќе ви имаме прикажано неколку тестови на овој модел против ножеви, Кока-кола и дури има преживеано да биде испечен во внатрешноста на хамбургер. Иако не е на ниво со телефоните специјално дизајнирани за оваа намена, сепак Xperia Z3 може да издржи различни тортури со вода и паѓање. Ова е најдобро демонстрирано во следното 8 минутно видео, каде што телефонот повеќепати беше фрлан од различни висини, пред конечно да попушти на крајот по неколку падови…

Можеме да замислиме што ќе беше доколку iPhone 6 или Galaxy Note 4 се најдеа на неговото место!

https://www.youtube.com/watch?v=BQaFUWURO0E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *