Жената што го инспирира светот со својата приказна

popara25 декември, 20141min00
8
Уште еден доказ дека луѓето не треба да се предаваат пред препреките кои што пред нив ги издигнува животот, е и оваа прекрасна девојка, инспирација за голем број на луѓе ширум светот.

Станува збор за пејачката и модел Викторија Модеста од Латвија, која што неодамна го објавила своето прво видео, во кое што таа грациозно ја покажува ампутираната нога. Со оглед на тоа што таа е првата светски позната поп ѕвезда со ампутиран екстремитет, Викторија е вистинска инспирација за луѓето ширум светот.


Пејачката била родена со деформитет на ногата и колкот, физички недостаток кој, како што вели и самата таа, во голема мера влијаел на нејзиниот социјален живот, уште во школските денови.

По 15 неуспешни операции во Латвија, Викторија одлучила да се пресели во Лондон, надевајќи се дека таму ќе добие подобра нега.


Сепак, со оглед на тоа што неефикасните операции продолжиле, докторите конечно успеале да ја убедат да и ја ампутираат ногата, нешто што на крајот неа всушност ја ослободило од комплексите поради физичкиот недостаток и ја зголемило нејзината самодоверба.
Денес Викторија вели дека е особено горда за она низ кое што поминала, охрабрувајќи ги сите секогаш да ги следат своите соништа, без оглед на препреките кои што се издигнуваат пред нив.

 

 

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag