Атрактивната пејачка Сандра Африка на настап во Црна Гора добила бакшиш од 30.000 евра. Кошаркарот на NBA, Никола Пековица на Сандра Африка и дал бакшиш од нееројатни 30.000 евра.
– Точно е дека сум добила 30.000 евра од Никола Пековица. По келнерот ги испрати парите на тацна. Бев во тој момент на сцената и пеев. Ги земав парите нормално и се израдував. Голем број на пејачки можат да сонуваат за тоа, рекла Сандра Африка за српскиот магазин Свет, која додала дека таа и кошаркарот никогаш не седеле на иста маса па дури ни една пијачка немале испиено.