Викторија Бекам во видео интервју за Вог одговори на 73 прашања поврзани со нејзиниот живот и успехот во модниот свет.
Општо познато е дека Викторија многу ретко се смее (или барем така изгледа!), па секако дека и прашањето зошто е тоа така беше едно од 73-те прашања кои и беа поставени од страна на Вог. Тоа е нејзиното најомразено прашање, но дизајнерката и за него имаше спремен одговор. Одговори дека се смее внатрешно и смета дека тоа е во склад со работата со која што се занимава.
Инаку, познатата дама од модниот свет станува во 6 часот наутро и веднаш започнува со работа, односно откако најпрво ќе провери дали децата спијат. Таа откри дека имаат пес кој го викаат Коко Шанел, но и дека во нејзините дуќани најмногу ги сака розовите женствени фустани, како и дека за неа најважно правило во модата е „помалку е секогаш повеќе“.
Погледнете ги одговорите на сите 73 прашања во видеото тука: