За време на едно предавање, говорникот зел бел лист хартија и на средината на листот со пенкало нацртал црна точка. Го кренал листот високо, за да можат сите да го видат и ги запрашал што гледаат.
Одговорот бил брз и решителен: Гледаме црна точка!
Што друго гледате? – запрашал говорникот.
Во салата настапил молк, па говорникот продолжил:
Зар ништо друго не гледате? Не го гледате ли белиот лист хартија? Навистина ме разочаравте!
Потоа продолжил да објаснува:
Ете, и во животот постапуваме на сличен начин. Дозволуваме малите разочарувања да ни го замаглат видикот и да ги превидиме бројните благослови што Господ ни ги дава. Ја гледаме малата црна точка, а не ја гледаме многу поголемата бела хартија.
Наместо тоа, треба да му се придружиме на писателот на Псалмот 103 : Слави го Госпда, душо моја, и не заборавај ниедна Негова добрина!
Ако се сконцентрираме на благодарност за благословите што секојдневно ги добиваме од Господ, нема да ни се случува да запаѓаме в песимизам поради малите „црни точки“ кои надоаѓаат во животот и се секојдневие.
Број ги благословите, а не проблемите!