Приказна која го опишува секој млад човек пред да сфати дека светот е суров

popara28 јануари, 20151min00
16

Ова е приказна за убавата, млада роза, метафора која го опишува секој млад човек пред да сфати дека светот е суров и треба да помине неколку процеси за да се вклопи во неговиот брз ритам.

Таква беше таа, наивна, кревка, убава.

Веруваше во искреност, нежен допир и чиста насмевка, без лаги. Живееше во розов свет, кој подоцна се претвори во црна темнина каде не можеше да види ништо освен избледнетата боја на нејзините црвени ливчиња.

Утрото се измиваше во капките на розата и ја капеше давајќи ѝ сјај и убавина какви што никој не видел досега. Таа беше убава роза, со црвени ливчиња, висока тенка дршка и се разликуваше од другите рози. Никој не можеше да забележи зошто, но едноставно беше различна.

Се насмевнуваше на секој што ќе ја погледнеше и мамеше насмевка од сечие лице. Некои од нив ќе ја погалеа, некои ќе пробаа да ја скинат, но нејзината дршка беше толку цврста што сите се чудеја како една толку убава, кревка ружа има толку силна дршка и не дозволува човечките раце и сила да ја уништат.

Розата немаше боцки. Ќе беше полесно да имаше.

Но, немаше. Можеби тоа беше тоа што ја правеше различна, а никој не забележуваше.

Секој ден таа стануваше се посилна и поубава. Учеше како да го живее животот на земјата, се додека еден проколнат ден не се појави рака што успеа да ја скине.

Да, ја скина, неговата сила беше поразлична од силата на останатите. Ја зеде во рацете и ја однесе дома.

Вазната полна со вода како да ја чекаше само неа цело време. Ја стави во водата.

Нејзината дршка почна да трепери. Почна да се тресе, но со време се навикна на температурата. Нејзината убавина остануваше иста, но таа знаеше дека еден ден ќе овене.

Тоа ќе биде за брзо, затоа мора да смисли план. План како да избега од вазната и повторно да се врати во градината каде сите и се восхитуваа.

Кутрата таа, не знаеше дека кога еднаш ќе ја сечеш дршката на розата, таа никогаш повеќе нема да биде истата, од проста причина што сечената дршка не се лепи повторно за коренот.

Размислуваше и размислуваше секој ден. На крајот сфати и се помири со вистината. Таа нема да преживее.

Ќе умре. Но, знаеше дека мора да ја прифати својата смрт. Знаеше дека еден ден повторно ќе се роди.

Нејзините ливчиња почнаа да овенуваат. На крајот паднаа и таа умре давејќи се во водата од вазната.

Раката на човекот посегна по неа и ја фрли во дворот, не сеќавајќи се на нејзината убавина пред да ја скине без потреба.

Розата повторно се роди. Полека, полека изникна од од тврдата земја. Но, овој пат знаете ли како? Не беше различна, имаше боцки. И планираше да раскрвари сечија рака што ќе се обиде да ја скине.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma