Израдувајте ги вашите деца со фантастични гумени бонбони кои сами ќе ги направите.
Во сад за готвење, средна големина, ставете половина чаша ладна вода. Потоа додајте две супени лажици желатин и желатин во боја со арома.
Гответе пет до 10 минути на средна јачина, важно е да внимавате да не зоврие.
Цело време мешајте, а потоа исклучете го шпоретот и ставете го желатинот во сад да се олади. Отстранете ја пената од врвот на смесата.
Земете силиконски калапи и ставете го желатинот, а потоа ставете ги во фрижидер на 15 минути.
Тоа е тоа, ви останува да уживате во своите домашни гумени бонбони.